Употребата на оловен бензин искоренета во целиот свет
Употребата на оловен бензин е искоренета во целиот свет, пресвртница што ќе спречи повеќе од 1,2 милиони прерани смртни случаи и ќе им спаси на светските економии повеќе од 2,4 милијарди долари годишно, соопшти Програмата за животна средина на ОН (УНЕП).
Речиси еден век откако лекарите првпат предупредија за токсичните ефекти на оловниот бензин, Алжир стана последната земја што ги исцрпи сите резерви, објави УНЕП, нарекувајќи ја веста значајна победа во борбата за почист воздух.
– Успешното спроведување на забраната за бензин со олово е голема пресвртница за глобалното здравје и нашата животна средина, нагласи Ингер Андерсен, извршен директор на УНЕП со седиште во Најроби.
Оловниот бензин се користеше во повеќе од 100 земји пред две децении, и покрај студиите што го поврзуваа со прерана смрт, лошо здравје и загадување на воздухот и почвата.
Првата загриженост се појави во 1924 година кога десетици работници беа хоспитализирани, а петмина починаа во рафинерија што ја водеше американскиот гигант Стандард Оил.
Сепак, до 1970-те, скоро целиот бензин кој се продаваше низ целиот свет содржеше олово.
Кога УНЕП почна кампања за искоренување на оловниот бензин во 2002 година, многу големи економски сили веќе престанаа да го користат горивото, вклучувајќи ги САД, Кина и Индија.
Но, ситуацијата во земјите со помали приходи беше поинаква.
Откако Северна Кореја, Мјанмар и Авганистан престанаа да продаваат оловен бензин во 2016 година, оттогаш беше достапен само во неколку земји.
По Ирак и Јемен, Алжир беше последниот што ја прекина употребата.
Гринпис ја поздрави веста како „прослава на крајот на една токсична ера“.
Ново на Сител
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик
-
Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот