Ураганот Лејн се приближува кон Хаваи
Ураганот „Лејн“ зајакна до петта категорија и продолжи да се движи кон Хаваи, чии жители забрзано се подготвуваат за можни лоши временски услови, обилни дождови, поплави и високи бранови.
Националната метеролошка служба вчера соопшти дека ураганот „Лејн“ преминал во категорија пет, што значи дека се можни катастрофални штети.
Ураганот во моментов е на околу 800 километри југоисточно од Хонолулу. Претходно во текот на денот, беше издадено предупредување за Големиот остров, како и за Оаху, Мауи и други помали острови..
Точната патека на движење засега не може да се утврди, па метеоролозите не сте сигурни кои острови ќе бидат директно погодени.
Додека се приближува ураганот, луѓето прават залихи од основни намирници, училиштата се затворени на Големиот Остров и округот Мауи.
Гувернерот на Хаваи Дејвид Иџ им дозволи на вработените кои не се неопходни да не доаѓаат на работа од среда до петок. Сепак, вработените во итните служби, болниците и затворите мора да одат на работа.
Ново на Сител
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
-

УХМР: Утре ќе биде променливо облачно, на места со пороен дожд и грмежи во попладневните часови
-

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, кривична пријава против четири деца и пет родители
-

Вардар во криза? Поразот од КуПС отвори многу прашања
-

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
-

СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
