ОН: Уредбата на Трамп во спротивност со меѓународното право
Експерти на Обединети нации денеска соопштија дека извршната уредба за имиграција на американскиот претседател Доналд Трамп е во спротивност со меѓународното право и може да доведе до тоа да се одбиваат барањата за азил и лицата да се враќаат во земјите од кои дошле, а во кои се соочуваат со тортура.
Во соопштението на експертите на ОН се бара од Администрацијата на Трамп да ги заштити луѓето кои пристигнуваат во САД бегајќи од војна и прогони, како и да се придржуваат до начелата за недискриминација врз основа на раса, националност и религија.
- Таквата уредба е дискриминаторска, заснована на една националност кој води кон пораст на стигматизација на муслиманската заедница. Најновата американска политика исто така овозможува луѓето да се враќаат без соодветна проценка и процедура за азил во државите во кои постои опасност да бидат мачени и да имаат лош третман, што е во спротивност со меѓународните човекови права, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот