Македонија
3. August 2016 - 13:37

Уредување на речните корита во Општина Зрновци

Во Општина Зрновци во тек е регулацијата на три речни корита на Мородишка,Видовишка и Зрновска река. Уредувањето на речните корита се прави со цел да се регулира дотокот на вода во нив, да нема поплави, а околината околу речните корита да биде уредена.

 
- Деновиве завршивме со уредувањето на Мородвишка река која минува низ живописните предели на населбата Мородвис, покрај пет вековните чинари. Со регулацијата спречивме нејзино излевање  во налетот на надојдените води од планината Плачковица, изјави градоначалникот Блаже Станков.
 
Тој информира дека се работи на регулацијата на Видовишка река од почетокот на населбата па се до излезот во должина од два километри. Финансиката конструкција за овој проект изнесува три милиони денари, средства добиени од Министерството за животна средина. 
 
Паралелено со оваа активност, истакнува тој, добиени се финансиски средства за регулација на Зрновска река втора фаза од мостот во населбата па се до вливот во Брегалница. За почеток на овие активности се планирани 120 илјади  евра, средства добиени од канцеларијата на МСИП на ИПАР програмата на ЕУ.
 
Со регулацијата на трите реки во општина Зрновци, истакна градоначалникот Станков, ќе се обезбеди поздрава животна средина, ќе се намалат штетите од поплавите, а населбите ќе бидат уредени со тротоари и друга урбана опрема покрај реките.