-->
-->
Уредување на речните корита во Општина Зрновци
-->

Во Општина Зрновци во тек е регулацијата на три речни корита на Мородишка,Видовишка и Зрновска река. Уредувањето на речните корита се прави со цел да се регулира дотокот на вода во нив, да нема поплави, а околината околу речните корита да биде уредена.
- Деновиве завршивме со уредувањето на Мородвишка река која минува низ живописните предели на населбата Мородвис, покрај пет вековните чинари. Со регулацијата спречивме нејзино излевање во налетот на надојдените води од планината Плачковица, изјави градоначалникот Блаже Станков.
Тој информира дека се работи на регулацијата на Видовишка река од почетокот на населбата па се до излезот во должина од два километри. Финансиката конструкција за овој проект изнесува три милиони денари, средства добиени од Министерството за животна средина.
Паралелено со оваа активност, истакнува тој, добиени се финансиски средства за регулација на Зрновска река втора фаза од мостот во населбата па се до вливот во Брегалница. За почеток на овие активности се планирани 120 илјади евра, средства добиени од канцеларијата на МСИП на ИПАР програмата на ЕУ.
Со регулацијата на трите реки во општина Зрновци, истакна градоначалникот Станков, ќе се обезбеди поздрава животна средина, ќе се намалат штетите од поплавите, а населбите ќе бидат уредени со тротоари и друга урбана опрема покрај реките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
