Урната грчката црква „Аја Софија“ во Бурса
Tурските власти вчера ја урнале историската грчка православна црква во регионот на Бурса, во северозападна Турција, која подолго време била напуштена, пишува greekreporter.
Грчката православна црква „Георгиос“, попозната како „Аја Софија“ во Бурса, е уништена поради безбедносна закана седум години откако Генералниот директорат за верски фондации ја презел зградата од општината Нилуфер, во Бурса, се нав наведува на интернет страницата за вести „Дувар“.
Општината ја презеде историската структура во 2006 година, обновувајќи ја локацијата и повторно отворајќи ја како Културен дом Озлуце.
Но, дирекцијата во 2013 година поднесе тужба за стекнување сопственост врз црквата, а објектот оттогаш е напуштен.
Зградата беше наречена „Аја Софија“ од Бурса поради нејзината употреба во минатото и како црква и како џамија, наведува порталот „Дувар“.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
