-->
-->
УС Опен: Чориќ го елиминира Циципас
-->
Борна Чориќ ќе игра во осмина-финалето на Ју-Ес опен откако во пет сета го победи Гркот Стефанос Циципас. Третото коло на турнирот во Њујорк го мина и првиот носител Новак Ѓоковиќ.
Циципас и Чориќ одиграа спектакуларен меч кој траеше четири и пол часа и во кој Чориќ успеа во четвртиот сет да се врати од негативата 1:5. Хрватот спаси шест меч топки пред да слави со 6/7, 6/4, 4/6, 7/5, 7/6.
Нареден противник на Чориќ ќе му биде Џордан Томпсон кој го победи Михаел Кукушкин.
За разлика од Чориќ првиот носител Новак Ѓоковиќ на теренот мина 105 минути. Србинот го одигра најдобриот меч во досегашниот тек на Ју-Ес опен и во три сета (6/3, 6/3, 6/1) го победи Германецот Јан-Ленард Штруф.
Нареден противник на Ѓоковиќ ќе му биде Шпанецот Пабло-Карењо Буста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место