Уште 10 тела пронајдени под урнатините на зградата на Флорида, бројот на настрадени се зголеми на 46
Извлечени се уште 10 тела од урнатините на станбената зграда во Флорида, со што бројот на жртвите достигна 46 лица, а повеќе од сто лица се уште се водат за исчезнати, 14 дена откако се урна повеќекатницата со долга историја на проблеми.
Заменик-началникот на пожарната служба на Мајами-Даде, Рид Џадала, денеска им соопшти на членовите на семејствата на жртвите дека уште десет тела се извлечени од урнатините и „остатоците на уште некои тела“.
Работниците следени од бурниот ветер и дожд се уште трагаат низ здробениот бетон на местото каде некогаш беше зградата „Шамплејн Тауерс југ“ во Сурфајд, фрлајќи го шутот со раце во корпите што потоа ги пренесуваат во верига од луѓе.
Екипите под бетонот не пронајдоа знаци дека има преживеани станари од зградата, што се урна во текот на ноќта, додека спиеле.
Ново на Сител
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ