Уште четири автомобили оштетени во Грција

Изминатиов период, граничната полиција евидентираше неколку случаи на оштетување возила на македонски државјанин кој летувале во Грција.
Станува збор за четири случаи пријавени на граничниот премин „Богородица“ во периодот од 28.08. до 08.09.2015 година, каде што на најразличен начин се оштетени четири возила, а станува збор за автомобил марка „Шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето З.И. во местото Сарти, со црн и црвен спреј му била обоена шофершајбната и двете регистарски таблички.
Вториот случај, на автомобил „Форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето Д.С. во местото Паралија, со црн спреј му биле испрскани регистарските таблици во делот на ознаката МК како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што е прекриена ознаката МК.
„Цитроен Ц4“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лицето Г.С. во местото Калитеа, со остар предмет му биле изгребани двете страни од преден до заден фар и бил оштетен знакот МК на задната страна и „Пасат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од З.З. во местото Ставрос, на хаубата со остар предмет му било изгравирано „МК=GR“.
Освен оштетувањето на Цитроенот во Калитеа, како што информира МВР, останатите случаи не биле пријавени во грчката полиција.
Со овие четири нови случаи, билансот на оштетени возила на македонски државјани кои летувале во Грција се искачи на 10, а евидентиран е и еден случај на кражба на регистарски ознаки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
