-->
-->
Уште четири слободни места за 1/8-финалето во ЛШ
-->

Откако синоќа екипите на Манчестер Јунајтед, Базел, Рома, и Јувентус, ги пополнија четирите празни места во групите од А до Д сегментот, и им се приклучија на Челзи, Барселона, Баерн Минхен и ПСЖ во осминафиналето, вечерва ќе ги дознаеме последните четири патници во нокаут рундата.
Вечерва се играат дуелите од последното 6.коло во втората половина од групите, од кои досега европска пролет имаат обезбедено четири тима, а остануваат уште четири слободни места.
Двојките за вечерва се:
Е група: Марибор – Севиља и Ливерпул - Спартак Москва
Табела: Ливерпул 9 бодови, Севиља 8, Спартак Москва 6, Марибор 2.
Ф група: Шахтјор - Манчестер Сити и Феенорд - Наполи
Табела: *Манчестер Сити 12, Шахтјор 9, Наполи 6, Феенорд 0.
Г група: РБ Лајпциг – Бешикташ и Порто - Монако
Табела: *Бешикташ 11, Порто 7, Лајпциг 7, Монако 2.
Х група: АПОЕЛ Никозија и Реал Мадрид - Борусија Дортмунд
Табела: *Тотенхем 13, *Реал Мадрид 10, Борусија Д. 2, АПОЕЛ 2.
*Обезбеден пласман во нокаут фазата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
