Уште денеска подигнување бесплатни билети за литургијата со Папата

Граѓаните кои се заинтересирани за присуство на литургијата со папата, што ќе се одржи на 7 мај на плоштадот „Македонија“ во Скопје, уште денеска ќе можат да ги подигнат бесплатните билети.
-Освен во католичките парохии во државата, сите заинтересирани граѓани за присуство на централниот настан на 7 мај, света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, бесплатни билети ќе можат да подигнат и на улица „Македонија” кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза, на излезот од ГТЦ спрема Плоштад „Македонија“ и на влезот од Старата Скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа Мост), информира Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија.
Штандовите поставени на наведените локации ќе работат од 9:30 до 17:30 часот и ќе служат и за информирање на граѓаните за посебните безбедносни и организациски правила.
Како што информираат од владината прес-служба, сите граѓани кои на 7 мај ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ за да учествуваат на литургијата на Светиот Отец Папата Франциск, треба да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот да го чуваат со себе до крајот на литургијата.
– На 7 мај сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени со потребните услови за работа. Сите граѓани кои живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребен билет за учество на литургијата, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај после 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
