Уште две жртви од Ковид-19 во Албанија, вкупно 15 лица
Албанското Министерство за здравство и социјална заштита соопшти дека двајца пациенти дијагностицирани со Ковид19 попладнево починале во Инфективната клиника во Тирана,со што бројот на починатите од опасниот вирус се зголеми на 15 лица.
„Попладнево починаа двајца пациенти кои беа хоспитализирани во Инфективната клиника во Тирана. Едниот е 77 годишен жител на градот Каваја,кој две недели беше третиран во клиниката,а почина ненадејно од срцев инфаркт. Боледуваше од срцеви болести и од дијабет. Вториот е 69 годишен жител на Хас,кој беше третиран осум дена а последните три дена беше интубиран,стои во соопштението на министерството.
Министерството изразува сочувство до семејствата на починатите и ги повикува граѓаните ригорозно да ги почитуваат мерките за социјална дстанца и изолација, бидејќи тие се одлучувачки во спречувањето на ширењето на „Ковид 19“.
Како што на пладне информираше заменик министерката за здравство и социјална заштита,Мира Ракацели, во земјата бројот на заразените е 243 што е за 20 повеќе од вчера. Најголемиот број од заболените се во Тирана или 129, Драч 26,Фиер 23 и Корча 15. Досега излекувани се 52 лица заболени од корона ворус.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК