Уште еден албански градоначалник под истрага од СПАК, бил осудуван во Грција

Албанското специјално обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, почна истрага против градоначалникот на Кучово, Крешник Хајдари, поради „фалсификување податоци во формуларот за декриминилизација”.
– Сомнежите се дека и покрај тоа што Централната изборна комисија не го спречила да се кандидира, СПАК води истрага против него за фалсификување на формуларот за декриминализација. Хајдари, затскрил дека судот во грчкиот пограничен град Јанина го осудил под обвинението „нелегално преминување на границата“, наведуваат медиумите.
Одлуката со која бил казнет со парична казна во износ од 1.500 драхми и мерка протерување ја донел судијата од кривичниот суд во Јанина, Николаос Раптис.
-Тоа што го сомничи Хајдари во овој случај е фактот што тој не ја пријавил оваа казна во формуларот за декриминализација. Идентичен беше случајот со екс-градоначалниците на Малакастра, Ќерим Исмаилај и на Вора, Агим Кајмаку, кои исто така биле осудувани во Грција, по што беа разрешени, додаваат медиумите.
По објавувањето на веста за истрагата, реагираше Хајдари кој има друго правно објаснување за неговиот случај.
На Фејсбук тој напиша дека одлуката против него е административна и затоа не е задолжителна за изјаснување и дека на 17- годишна возраст заминал во Грција бидејќи „Сали Бериша (тогаш премиер) бил виновен“.
Како кандидат на владејачката Социјалистичка партија, Хајдари, беше реизбран за градоначалник на изборите на 14 мај.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
