-->
-->
Уште еден руски десантен брод плови кон Сирија
-->
Рускиот десантен брод од Црноморската флота „Јамал“ денеска преку Босфор вплови во Средоземно Море.
Според дел од турските медиуми бродот „Јамал“ се движи кон сириското пристаниште Тартус, каде се наоѓа пунктот за материјално-техничко обезбедување на руската военоморска флота во Средоземно Море.
Во саботата во Средоземно Море впловија два големи десантни бродови на Црноморската флота - „Николај Филиченков“ и „Саратов“, а вчеда бродот ЧФ КИЛ-158.
Странските медиуми објавија дека руските десантни бродови учествуваат во операцијата наречена „Сириски експрес“, чија цел е достава на муниција за сириската владина армија, која се бори против исламистичките групи, вклучително и Исламска држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата