Македонија
28. March 2018 - 10:33

Уште една сообраќајка во Скопје, млад мотоциклист со тешки повреди пренесен на Клиника

Вчера попладнето во 16:20 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата “Лука Геров“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки управувано од Р.Л.(62) и мотоцикл „Кавасаки" исто така со скопски регистерски ознаки, управуван од Б.Т.(22) и двајцата од Скопје.

 По незгодата со возило на Итна медицинска помош Б.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.