Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција
Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција, информираат попладнево од турската амбасада.
Три млади лица денеска со авион биле пренесени во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул.
Турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој ги придружувал повредените на Меѓународниот аеродром, при нивното заминување од Скопје.
Моментално во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени. Од нив, половина се во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, додека другата половина во болницата „Билкент Шехир“ во Анкара.
И заменик министерот за надворешни работи и главниот преговарач со ЕУ, Мехмет Кемал Бозај, изразил сочувство до целиот народ на Северна Македонија за изгубените животи во трагичниот настан во Кочани.
- Заменик министерот Бозај во интервју за емисијата „Across the Ballkans“, емитувана на „TRT World“, се осврна на трагичниот настан што ја трогна Северна Македонија и изрази сочувство, додаваат од амбасадата.
- Како земји од регионот, континуирано се помагаме меѓусебно. Како што се сеќавате, Северна Македонија, по разорниот земјотрес што ја погоди нашата земја во 2023 година, испрати тимови за спасување. Така и ние, веднаш по овој трагичен настан, испративме авиони и деветмина државјани на Северна Македонија ги пренесовме во Туркије за лекување. Во оваа прилика, уште еднаш изразувам длабоко сочувство до целиот народ на Северна Македонија и им посакувам брзо заздравување на ранетите, изјавил Бозај.
Ново на Сител
-
НБА: Оклахома поведе со 3-0, втори победи на ЛА Клиперс и Њујорк
-
Стармер: Примирјето во Украина мора да биде прифатливо за сите, Крим не смее да биде дел од отстапките
-
Руте: Алијансата е согласна дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО
-
УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат
-
Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен вечер на литургиски обред
-
Џејсон Кид стана косопственик на Евертон
-
Влаховиќ се повреди
-
Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер