Македонија
19. July 2024 - 16:37

Уште тројца министри од поранешната власт на апанажа

По Маричиќ и Јотон Шаќири, уште тројца министри од поранешната власт побараа апанажа. Комисијата за избори и именувања попладнево ги уважи барањата за добивање на плата по престанок на фунцкијата на Крешник Бектеши, Фатмир Бесими и кренар Лога

Ова е четврт пат како Собранието одобрува апанажа за функцинерите на претходната власт. Досега ваква привилегија беше одобрена за 45-мина екс-функцинери, од кои 36 се поранешни пратеници, што е третина од целиот пратенички состав. Функционерите на апанажа земаат плата од 1500 до 2000 евра, зависно од тоа на која функција биле.

Собраниската комисија денеска одобри и 4 пратеници наместо секојдневни патни трошоци да користат надоместок за кирија за стан во Скопје.

Поранешната генерална секретарка на парламентот Цветанка Иванова пак, ќе добие опремнина за тоа што ќе замине во пензија.

Како и претходните комисиски расправи досега, пратениците на Европскиот фронт ја искористија и Комисијата за избори и именувања за етнички прашања. Илире Даути од крилото на Села и Блерим Беџети од ДУИ бараа веднаш да се формира Комитетот за односи со заедниците и со него да раководат Европскиот фронт бидејќи тие биле победничка албанска партија.