Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата

Украинскиот боксерски првак, 39-годишниот Олександр Усик објави денеска дека се откажува од сите свои шампионски појаси, но нагласи дека тоа не значи крај на неговата професионална кариера.
Непоразениот Усик, кој има рекорд од 25 победи од исто толку борби во професионалниот бокс, во моментов е сопственик на шампионските појаси во верзиите WBA (Super), WBC и IBF.
„Ова е внимателно разгледана одлука за која сум сигурен дека ќе ми отвори нови можности. Ова не е крај на приказната. Продолжението допрва доаѓа“, напиша Усик на социјалната мрежа Икс.
Во видеопорака, тој ги објасни причините за својата одлука.
„Сакам да се откажам од сите појаси што ги поседувам во моментов, за да можат боксерите што се следни во редот да се борат за нив. Пријатели, ги напуштам појасите, но не и спортот, бидејќи го чекам мојот последен танц“, порача Усик.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
