Усогласување на платите со линеарно зголемување не е решение, порача Битиќи
Усогласување со одредено линеарно зголемување не е решение. Ние сакаме да дефинираме методологија за зголемување на платите во јавниот сектор која ќе биде базирана на продуктивност и ефикасност, како што тоа го бараме во приватниот сектор, а секако и со нов закон за плати во јавнот сектор, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
На новинарско прашање дали, согласно Законот за минимална плата, ќе се усогласат платите со порастот на минималната во законскиот рок од шест месеци кој истекува, Битиќи одговори дека процесот на усогласување бил прекинат со одлуката на ССМ да штрајкува.
– Ние почнавме процес на усогласување и процес на дискутирање за новиот Општ колективен договор со Сојузот на синдикати. За жал, тој беше прекинат зашто ССМ влезе во штрајк. Деновиве ќе ги повикаме да се вратат за до крајот на годината да потпишеме Општ колективен договор затоа што веруваме во одржливо, а не во ад хок решение, изјави Битиќи.
Вицепремиерот посочи дека и законот за плати и методологијата за зголемување на платите е веќе во процедура по министерствата, а дополнително, во подготовките за буџетот веќе почнуваат, рече, „да ги гледаме реалните можности до кое ниво можеме да одиме со новата методологија за плати“.
-Треба да седнеме со Сојузот на синдикати да зборуваме за одржливо решение и одржлив механизам, додаде Битиќи во изјава за медиумите по конференцијата на која беше промовиран извештајот на ОЕЦД „Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно“.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите