Успешен лет на воен авион со масло за јадење како гориво
– Британските Кралски воздухопловни сили (РАФ) успешно го завршија пробниот лет на огромен воен транспортен авион којшто користел масло за јадење како гориво, објави „Кликс“.
Имено, РАФ го одржа летот користејќи 100 отсто одржливо воздухопловно гориво (САФ), што е првпат во историјата на Обединетото Кралство за каков било авион. Тестот ја користеше воената верзија на „Ербас А-330“ – „РАФ Војаџер“, којшто леташе над Оксфордшир, отворајќи нови можности за иднината на воените и цивилните авиони.
САФ се произведува од одржливи суровини, како што е искористено масло за јадење, а испуштањето јаглерод е до 80 отсто помало во споредба со конвенционалното млазно гориво. Целта е да се намали зависноста на РАФ од светските синџири за снабдување со гориво, да се зголеми оперативната еластичност и да се намали нејзиниот јаглероден остаток.
– Тие треба да бидат горди на ова достигнување. Ова е голем чекор напред за РАФ, како и за Министерството за одбрана. Велика Британија го предводи патот во развојот на идните оперативни способности во светот погоден од климатските промени, рече британската министерката за одбрана, Анабел Голди.
Пробниот лет траел 90 минути, а имало и симулација на полнење гориво во воздухот.
Велика Британија цели кон нула нето-емисии на јаглерод до 2050 година.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло