Успешен настап на камерниот хор „Мелодиум“-Битола на фестивал во Солун

Камерниот хор „Мелодиум” од Битола успешно настапи и е награден на Меѓународниот фестивал за филхармониски хорови и оркестри, кој деновиве се одржа во сала на Операта во Солун, Грција.
На 8. по ред издание на фестивалот во Солун настапија 52 хорови и оркестри од повеќе европски држави, а македонскиот претставник „Медлодиум“ на своето второ учество доби и награда, истакна Марина Коруновска, раководител на хорот.
- Нашето учество во Солун беше помогнато од Македонскиот конзулат во Солун и конзулката Маја Апостолова. Нашиот настап беше поздравен со бројни аплаузи и овации, и тоа мотивира да продолжиме со работа бидејќи овој хор е единствен од ваков тип во југозападниот дел на Македонија, посочи Коруновска.
Камерниот хор „Мелодиум” од своето формирање па до денес, учествувал на концерти во повеќе држави, односно во Србија, Словенија, Грција, Бугарија и во повеќе македонски градови, а во меѓувреме доби покани за пролетен настап во Атина, а во јуни наредната година младите членови на хорот ќе приредат концерт и во Виена.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
