Кошарка
6. December 2016 - 8:58

Успешен настап на младите македонски кошаркари во Истанбул

 
 Македонската селекција за кошаркари до 14 години имаше успешен настап на зимскиот камп во Турција, каде црвено-жолтите забележа пет победи во исто толкуте одиграни контролни натпревари. 
 
Во рамките од проектот „Заедно до 16 години“, а во соработка со македонската и турската кошаркарска федерација, избраниците на Александар Јованчев од Истанбул се враќаат непоразени.  
 
Тие беа подобри од нивните врсници од тимовите на: Аџибаден (81-43), Фенербахче (75-40), Памукспор, Галатасарај (57-28) како и против Анадолу Ефес (74-71).
 
Она што претстои за оваа млада макеоднска кошаркарска селекција е меѓународниот турнирчиј организатор ќе биде Македонската кошаркарска федерација, а на кој покрај нашата селекција ќе настапат и репрезентациите на Бугарија, Романија и Косово.