Уставен оформи предмети за бугарските клубови
Уставниот суд информира дека е оформен предмет во кој се оспорени Статутот и Програмата на Здружението „КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ИВАН МИХАЈЛОВ”. Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по којшто Уставниот суд ќе одлучува на седница.
Подносител на иницијативата е политичката партија „Левица”, велат од Уставен. Подносителот наведува дека оспорените Статут и програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост. Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.
Како што велат од Уставен, што се однесува на вториот предмет од интерес за јавноста информираме дека е оформен предмет во кој се оспорува Програмата за работа и Статутот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III ОХРИД. И овој предмет се наоѓа во рана фаза- претходна постапка во која се прибираат потребните информации.
Подносител на иницијативата е адвокатот Тони Менкиновски. Во иницијативата се наведува дека оспорените акти се противуставни бидејќи се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, негирање на неговата самобитност и разгорување на национална омраза или нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти, информираат од Уставниот Суд.
Ново на Сител
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна