Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
Домашни и страниски екпсерти следната недела ќе дадат свое мислење за оспорената уставност на законот за јазиците пред Уставниот суд. На подготвителната седница закажана за 20-март, и венецијанската Комисија преку потпретседателот Мартин Кујер,ќе образложи пријателско мислење, а во Скопје доаѓа и Артурс Кучс судија од Европскиот Суд за човекови права со осврт за малцинските права во слични случаи.
Досега е потврдено и присуството на 13 македонски професори, правници, актуелни и поранешни судии кои ќе ја дадат својата експертиза. Претседателот на Уставен вели дека не сакаат да ги разубедуваат политичарите, туку да им укажат на граѓаните за манипулациите кои се прават.
- Не им се обраќам на политичарите, не ги разубедувам. Ако веќе сум кажал дека има примитивна политичка култура и злоупотребуваат сензитивни прашања за политички поени, нивните манипулацииќе продолжат, но ако успееме да ги убедиме граѓаните да не бидат манипулирани, тоа е успех. Нема да правам компромиси со правото, вели Костадиновски.
Во пресрет на подготвителната седница, ДУИ кои со поставување на шатори пред Уставен го бранеа од законот, сега повторно најавуваат тензии, ако биде донесена било каква одлука.
Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија. Им упатуваме апел на сите државни институции и меѓународни фактори да не дозволат земјата да се лизне во патот на ревизионизмот, кој може да доведе до длабока политичка и институционална криза со непредвидливи последици. ДУИ со сите демократски средства ќе го брани Законот за употреба на јазиците и нема да дозволи враќање назад.
Костадиновски вели, шаторите не не поколебаа да одлучуваме. Им порача на ДУИ дека ова се тешки зборови за манипулација. Заканите од Мала Речица ги нарече политичкко дивјаштво, ширење лаги и невистини.
- Што треба ние да направиме со таа иницијатива? Да ја земеме да ја искинеме, да ја чуваме до 2030 година, до 2040, 2050 година? Што треба да направиме кога имаме јасно определени надлежности и должности. Ние сме должни да одговориме на прашањето. Но, сега да се употребуваат такви тешки зборови, да се игра на чувствата на граѓаните, да се манипулира е навистина, не знам како да го наречам, ова е брутално, ова е политички примитивизам, политичко дивјаштво. Ова се лаги, невистини, рече претседателот на Уставен.
Поради поголема безбедност, уставните судии го известиле и МВР дека во Скопје пристигнуваат високи гости за седница и бројни експерти.
На 20-ти се очекува да бидат присутни и судиите Албанци кои ја бојкотира седницата на Уставен кога се носеше одлуката за добивање став од венецијанската комисија. Оспорени се 6 одредби од законот преку 12 инцијативи. Според очекувањата на Костадиновски конечната одлука ќе биде донесена во мај или јуни.
Од домашните експерти на седницата ќе присуствуваат:
Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија на ЕСЧП,
проф. д-р Рената Дескоска, професор по уставно право и член на Венецијанската комисија,
проф. Борче Давитковски, Правен Факултет
проф. Јетон Шасивари, професор по уставно право на УЈЕ
Гордана Лажетиќ, експерт по казнено процесно право,
Мерсељ Билали, експерт по меѓународно право,
Денис Прешова, експерт по уставно право;
Мерсим Максути од Државниот универзитет во Тетово,
Абдул Меџит Нуредин од Меѓународниот универзитет Визион,
доц. д-р Азам Кор Бајрам од Визион Гостивар
Жаклина Доведен, претседател на Апелационен суд Битола,
Иван Џолев, претседател на Кривичен суд Скопје,
Бурим Сејдини, претседател на Управен суд.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар