Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци
По прашања од повеќе медиуми во врска со извршувањето на одлуката У.бр.81/2023-1 со која беа укинати делови од Законот за средното образование, во кој беше повреден принципот на еднаквост, при што се правеше разлика меѓу средношколците од јавното и приватното образование, Уставниот суд информира:
На работниот состанок одржан на 4 септември, Уставниот суд го задолжи генералниот секретар да се обрати до надлежните органи (МОН, Град Скопје и ЈСП) со цел да ги обезбеди неопходните податоци и информации во врска со извршувањето на одлуката за да подготви извештај и за одговорот да го информира Судот.
Имено, согласно членот 86 од новиот Акт кој се применува од септември оваа година, Уставниот суд по службена должност го следи извршувањето на своите одлуки и може од секого да побара податоци и информации во врска со преземените мерки со цел извршување на одлуката
Обврската за извршување на одлуките на Уставниот суд почнува да тече од денот на нивното објавување во „Службен весник” и одлуките на Уставниот суд се извршуваат без одлагање, на што упатува член 85 од Актот.
Дополнително, согласно член 90 од Актот, Уставниот суд, има можност по потреба, да побара од јавните органи да го обезбедат извршувањето на одлуката.
Уставниот суд потсетува дека членот 91 овозможува врз основа нa претходно добиени податоци и известувања, да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот.
Во однос на прашањата дали некој се обратил до Уставниот суд да информира дека одлуката не се спроведува, информираме дека досега нема добиено таква претставка. Барањето на информации за спроведување на конкретната одлука се покрена по службена должност и по информациите во јавноста дека одлуката на Уставниот суд која е донесена на 5 декември 2023 година не се извршува.
Линк од одлуката: https://ustavensud.mk/подносител/граѓани/У-бр-812023-1/
Уставен суд
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп