Македонија
6. November 2026 - 20:06

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите

Реформите ќе се спроведуваат но за уставните измени, кај Владата нема промени во позициите. Премиерот задоволен од оценката која вчера ја испорача Брисел. Најавува подобри резултати во извештајот идната година. 

Уставните измени остануваат клучната политичка пречка за која се уште нема решение.

За СДСМ извештајот е потврда за неуспехот на Владата во спроведувањето на реформите.

“Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување. Нула напредок во спроведување на  јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада. Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.“ – се вели во соопштението на СДСМ

СДСМ да молчи за корупцијата бидејќи токму тие ги донесоа измените на кривичниот законик за кои не критикува Брисел, реагираше иницијативата за реофрми на Бихаќка

„Опстанокот и постоењето на висока политичка корупција не може да биде критикувана од творците на скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023-та за што Европската комисија и во 2026 нотира сериозни забелешки, а тоа ги засега партиите и од сегашната власт и од опозицијата. Слободата на медиумите не може да ја бранат оние кои секојдневно го контаминираат јавниот дискурс со приземен речник и пласирање клевети и навреди за сите кои мислат поинаку“ – порачаа во соопштение организаторите на Разговори за иднината. 

За Македонија уставните измени остануваат клучна пречка во процесот на интеграции, а Брисел не крие дека работи со Скопје и Софија за наоѓање заедничко решение.