Македонија
28. March 2023 - 16:32

Уставот ќе се менува за Бугарите а не за други теми - Владата контра министерот Лога

Внесувањето на Бугарите во Уставот е приоритет. Процесот не треба да се оптоварува со нови барања. СДСМ и ДУИ експресно го демантираа новиот министер за правда кој вчера најави дека во процесот на уставните измени планира да внесе и други елементи меѓу кои и официјализирањето на албанскиот јазик.

Идентичен став како Османи дели и вицепремиерот Маричиќ, а премиерот е подготвен да разговара за сите прашања, иако како што вели, приоритет треба да биде внесувањето на Бугарите во Уставот.

Премиерот и денеска повтори дека е убеден дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои ќе дадат поддршка на уставните измени иако опозициската партија речи си секој ден повторува дека во рамки на овој парламентарен состав уставни промени нема да има. Од друга страна и оние партии кои до сега јавно декларираа поддршка за Уставните измени, сега поставуваат нови услови. Алтернатива веќе јавно објави дека за нејзините тројца пратеници да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот уставните измени мора да содржат и официјализирање на албанскиот јазик.