Усвоен буџетот на општина Маврово Ростуше за 2017 година
Советниците на општина Маврово Ростуше го усвоија Предлог-буџетот на општината за 2017 година. Буџетот е проектиран на 165 милиони и 668 илјади денари и споредено со годинашниот е зголемен за осум милиони денари.
Најголем прилив и следната година се планира во ставката дотации или 80,4 милиони денари, потоа приходи од трансфери 35,7 милиони, даночни приходи 24,5 милиони, донации 17,5 милиони, неданочни приходи 1,5 милиони и капитални приходи 5,9 милиони денари.
На седницата на Советот, градоначалникот Мукрем Мехмеди информираше за предвидените активности за подобрување на патната инфраструктура кои, како што рече, почнуваат веднаш по подобрување на временската состојба.
- Ќе биде извршена целосна реконстркција на патиштата кон селата Врбен, Аџиевци, Присојница, Велебрдо и Ново Село. Станува збор за инвестиција од 530 илјади евра, средства обезбедени од Министерството за финансии преку Агенцијата за државни патишта, изјави Мехмеди.
Според него, во напорите на локалната власт да се обезбеди патна инфрастрктура според потребните стандарди ќе биде извршена и реконструкција и проширување на патот од Ростушки Мост, кој минува низ Ростуше и се спојува со патот за селото Велебрдо.
Во годината што е пред нас, посочи Мехмеди, планираме и изградба на нова административна зграда со грант од Министерството за финансии, реконструкција на Домот за култура со заеднички средства на општината и на средното општинско училиште.
Советниците на седница ја усвоија и одлуката за реализација на буџетот и Програмата за работа на Советот на општината за идната година
Ново на Сител
-
Трамп: Гренланд во иднина може да биде дел од САД
-
Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина
-
„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот
-
Почна маршот за настраданите во Кочани
-
Забрана за вршење на било какви операции со дронови на територијата на град Скопје
-
Дисциплинска постапка за полициското лице чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот
-
Здравствен работник обвинет за убиство на девет пациенти во Германија