Усвоен планот за реформи на ОН на самитот, и покрај руската опструкција
И покрај руските напори да го попречи договорот, меѓународната заедница усвои план за реформи на ОН на денешниот Самитот на иднината во Њујорк, јави ДПА.
Претседателот на Генералното собрание на ОН, Филемон Јанг, го прогласи Пактот за иднината на Обединетите нации за формално усвоен – против волјата на Москва и на неколку други држави.
Русија се огради од договорот, кој требаше да биде усвоен едногласно, а рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин изјави дека земјите кои не се задоволни од договорот не добиле можност за понатамошни преговори.
-Доколку нашиот амандман не биде вклучен во текстот на пактот, ние исто така ќе се оградиме од консензусот за овој документ, рече Вершинин.
Веднаш по руското соопштение, Демократска Република Конго поднесе предлог за отфрлање на потегот на Русија, кој беше прифатен со мнозинство од 143 гласа во Генералното собрание на ОН.
Вчера, земјите-членки на ОН се подготвија да се спротивстават на предлогот на Москва за таканаречениот Пакт за иднината. Дипломатите веќе беа загрижени за опструкционизмот на Русија за време на работата на Пактот за иднината.
Пред самитот, дипломатите се надеваа дека договорот ќе биде усвоен едногласно од сите 193 држави на Обединетите нации без гласање. Дипломатите, наводно, очекувале дека Русија ќе го поддржи макотрпно преговараниот компромис, и покрај нејзините закани.
Пактот за иднината беше преговаран под водство на Германија и Намибија.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на амбициозни реформи на Обединетите нации и другите меѓународни организации за да ја направат меѓународната заедница поспособна да дејствува во услови на многу кризи и војни и да го направи светот поправеден.
Овој пакт вклучува декларации за намери за реформирање на Советот за безбедност на ОН и повикува на прилагодување на меѓународниот финансиски систем во корист на таканаречениот Глобален југ. Исто така, има за цел да ги постави основите за глобално регулирање на вештачката интелигенција.
Ново на Сител
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање
-
Белорусија стана партнер на БРИКС
-
Тешка сообраќајна несреќа во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово