Усвоен Развоен план за јавен превоз на патници на подрајчето на Град Скопје
Советниците на Советот на Град Скопје денеска со 28 гласа „за“, еден воздржан и без ниту еден глас против го донесоа Предлог-развојниот план за јавен превоз на патници на подрајчето на Град Скопје за периодот 2024-2026 година.
Од Секторот за сообраќај при Град Скопје информираа дека со овој развоен план се прикажани активностите кои се преземаат во следниот тригодишен период со цел задоволување на потребите на граѓаните, напредок и подобрување на јавниот превоз во главниот град.
- Град Скопје ќе продлжи со реформирање на автобускиот превоз и сукцесивно ќе почне да го обновува возниот парк на ЈСП „Скопје“ со нови еколошки автобуси. Во тек е изработка на студија за нови мрежи на линии со кои ќе добиеме оптимална мрежа согласно потребите на корисниците за јавниот превоз, информираа од Град Скопје попладнево на продолжението на 51. седница на Советот на Град Скопје. Додаваат дека ќе се продолжи со обнова на урбаната опрема на автобуските стојалишта и терминалите, како и унапредување на системот за информирање на патниците.
Се предвидува усовршување на интегрираниот тарифен систем со цел да се подобри квалитетот на превозот и за поголема проточност на патници во возилата, субвенционирање на такси превозот во Скопје преку јавен повик за субвенионирање на еколошки такси возила.
Поддршка од советниците добија Предлог-програмата на активности во областа на сообраќајот на подрачјето на Град Скопје за 2024 година, Предлог-програмата за активности од областа на заштита на животната средина на подрачјето на Град Скопје за 2024, Предлог-програмата за активности од областа на локален економски развој на Град Скопје за 2024 година, Предлог-програмата за изменување на програмата за активноститена Град Скопје од областа на средното образование за 2024 година, Предлог-програмата за изменување и дополнување на програмата за финансирање на јавните установи во Град Скопје и активностите од областа на културата во интерес на Град Скопје за 2024 година, за Програмата за заштита на паркот на природата Гази Баба за 2024 година, за Предлог-годишната програмата за заштита на природата за заштитениот предел Водно, Предлог-план за енергетска ефикасност на Град Скопје за 2024 година, Предлог-програмата за изменување на програмата за одржувње јавна чистота, подигање и одржување на зеленилото, спроведување на превентивна дезинсекција и украсување на Град Скопје со знамиња по повод државни празници и други прилики на подрачјето на Град Скопје за 2024 година.
Советниците не ја донесоа Предлог-програма за активности на Град Скопје за соработка со здруженија и фондации во 2024 година.
Поддршка не добија и Одлуката за давање согласност за склучување на договор за имплементација на проектот воведување на Брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје, како и Одлуката за набавка на еко-автобуси.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК