Македонија
13. March 2025 - 11:58

Утре и во сабота стабилно и топло време, од понеделник пороен дожд и грмежи

Утре и во сабота времето ќе биде стабилно и топло со засилен јужен ветер, над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.