Утре и задутре времен сообраќаен режим на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел
Поради финално асфалтирање на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел, утре и задутре ќе биде воведен времен сообраќаен режим, информираат од Град Скопје.
Утре улицата целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружниот тек до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“. Во петок улицата „Александар Урдаревски“ целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ до крстосницата со улицата Бутелска.
-Сообраќајот во овој дел од градот во наредните два дена, додека се одвиваат градежните работи, ќе биде преносачен по улицата Цетинска. Исто така, и возилата од јавниот превоз кои сообраќаат по улицата Александар Урдаревски во наредните два дена ќе бидат пренасочени, соопштија од градот.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа