Македонија
18. November 2020 - 11:53

Утре ќе се одржи седница на Советот за безбедност

Утре, 19 ноември 2020 година, четврток, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.