Утре напладне „Возиме кон иднината“
Под мотото „Возиме кон иднината“, по шести пат Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ ја организираат „Ролер трката 2017“.
Целта на оваа рекреативна масовна акција, која ќе се одржи во петок напладне на булевар „Илинден“, е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.
Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).
„Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна. Годинава очекуваме во трката да учествуваат деца од над 30 основни училишта од градот и од околината, а ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Ново на Сител
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол