Утре никаде без чадор и топла облека
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови особено во северните делови од земјава се очекуваат локални врнежи од дожд. Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста ќе почне да се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб дожд во раните утрински часови, а преку денот ќе има намалување на облачноста и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се сушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло за овој период од година, но по одделни котлини и по речните долини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот се очекува да се растури.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не се заборава штетата што ја нанесе СДСМ
-
Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го стави Коце Трајановски да располага со 600 милиони евра
-
Подготвен сум да разговарам за предлогот за распуштање на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители, вели Мицкоски
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога