Утре пекол во Македонија - Еве какво време не очекува
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен, а во останатите слаб до умерен од северозападен правец. Кон крајот на денот не е исклучена изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната температура ќе се движи од 31 до 37 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 36 степени.
Следува период на претежно стабилно и многу топло време. Мaксималните температури ќе бидат над 30, а долж Повардарието и над 35 степени. Преку денот ќе има појава на умерена облачност, а можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во сабота и во понеделник.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица