Утре почнува августовскиот испитен рок за државна матура
Матурантите кои во јунската сесија не ја положиле државната матура или не во целост ќе полагаат од утре до 18 август. Како што соопшти Државниот испитен центар, во августовскиот испитен рок се пријавиле 1.802 ученици.
Утре ќе се полага задолжителниот предмет мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик е пријавен за турски јазик и литература.
Во вторник, 16 август, ќе се полага предметот математика за кој се пријавени 88 кандидати, а на 17 август ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1.294 кандидати, француски јазик и германски јазик по четворица кандидати и еден кандидат за руски јазик.
На 18 август е закажано полагањето по предметите: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.
ДИЦ соопшти дека бизнис ќе полагаат 199 кандидати, историја 218, биологија 82, филозофија 143, хемија 4, физика 7 и естетика 14.
Испитите по сите предмети ќе почнуваат во 10 часот и ќе се реализираат на 11 локации во Република Македонија. Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот ќе биде однесен во училиштата и ќе биде вратен во ДИЦ.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата