Утре пресуда за „Талир 2“
Пресудата за случајот „Талир 2“ ќе биде објавена утре во 12:30 часот, соопшти попладнево судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го води овој предмет, по завршните зборови на второобвинетиот Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, со што заврши главната расправа за предметот.
-По завршување на главната расправа Советот ќе се советува, а објавувањето на пресудата се закажува за 8 јуни во 12:30 часот. Тоа е усно соопштено на присутните и се сметаат за известени, рече Алексовска Стојановска.
Во „Талир 2“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи. Застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.
Ново на Сител
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
-

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше
-

Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст
