-->
-->
Утре услови за снег - Погледнете какво време не очекува овој викенд
-->

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Претпладне во западните делови се уште ќе има услови за провејување на снег. Попладне облачноста ќе се намалува.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од два до девет степени.
Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до пет степени.
За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и малку потопло. В сабота дневните температури ќе се движат од шест до 12, а во недела од пет до 14 степени. В недела по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
