Утре завршува обврската за зимска опрема во возилата

Про Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до утре, 15 март, потсетува АМСМ.
Утринава сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Од завчера започнa изведување на градежни активности (поставување сообраќајна сигнализација и осветлување) на патен правец Велес – Катланово пред и во тунелот, во времетраење од 10 дена.
Од АМСМ информираат дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
