Македонија
14. November 2017 - 8:52

Утринава претежно облачно - Од утре невреме со пороен дожд и грмежи

Времето утринава е претежно облачно, а по котлините има појава на слаба магла и ниска облачност. Локално, особено во југоисточниот дел од државата има локален дожд, а некаде дува слаб југоисточне ветер.

До осум часот утринава најмногу дожд има наврнато во Дојран (27 литри на метар квадратен), потоа во Струмица 14, Гевгелија 7, Берово 5 и во Крушево и Виница еден литар на метар квадратен. 

Во текот на денот ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните, источните и југоисточните делови на државата. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а попладне ќе го смени правецот во источен и североисточен и повремено ќе се засилува.

Највисоката температура денеска ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе претежно облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува. Највисоката дневна температура ќе достигне до 16 степени.

Утре и задутре ќе има обилни врнежи од дожд кои наместа се очекува да надминат и 60 л/м2. Локално, особено на југ, ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Веќе во петок врнежите ќе бидат со умерен интензитет и во текот на денот ќе престануваат.