Утринските температури од 12 до 19 степени, најмногу дожд во Демир Капија
Утрово најниската температура во земјава од 12 степени е измерена во Лазарополе, Попова Шапка и во Маврови Анови. Како што соопшти УХМР, следуваат Берово со 13 степени, 15 во Крива Паланка, Охрид, 16 Битола, Претор, Дебар, Тетово, 17 Скопје–Петровец, Демир Капија, Струмица, Крушево, Виница, 18 во Прилеп, Штип, Дојран, Скопје–Зајчев Рид и 19 степени во Куманово, Велес, Кавадарци и во Гевгелија.
Најмногу наврнат воден та за изминатите 24 часа до 08 часот од 10 л/м2 има во Демир Капија, 7 во Виница, 5 Гевгелија 3 Радовиш – Пожар, 2 Кавадарци и 1 л/м2 во Штип, Дојран и во Крушево.
Времето денеска променливо облачно со локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Денес ќе дува и засилен ветер од јужен правец особено во Пелагонија и во североисточниот дел од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. УВ индексот изнесува.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 31 степен.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес