Утрово најстудено во Берово и Скопје, десет сантиметри снег во Маврово
Утрово е најстудено во Берово и Скопје, минус пет степени, а максимални три степени се измерени во Крушево.
Според УХМР, -4 е во Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица, -3 е во Штип и Гевгелија, -2 во Скопје (Зајчев Рид), Куманово, Прилеп и Маврови Анови, -1 во Охрид и Крива Паланка, 0 во Дојран и Претор, а еден степен е во Виница и Лазарополе.
Висината на снежната покривка е 10 сантиметри во Маврови Анови и четири на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. На пониските места ќе има услови за локален слаб дожд, а на повисокте места и на планините со слаб локален снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степена.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.
Ново на Сител
-
Пронајдени 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари кај лице од Тетово
-
Кривична против директорка на градинка во Штип
-
Стефковски: Хиподром 2 добива патна инфраструктура
-
Пратеничка во Италија го доеше бебето за време на седница, пратениците ѝ аплаудираа
-
Рама: Загрижен сум од ултимативните тонови на сојузниците кон Косово
-
Испишани кукасти крстови на куќи на Роми во Битола
-
Меџити: Јовев ќе продолжи да работи на Кардиохирургија, одлуката за разрешување не ја преиспитувам
-
Шаќири: Учебници ќе има од 1 септември