Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка

Утринските температури во земјава се значително ниски, при што во Берово се измерени -11 степени целзиусови. Следат Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка со -10 степени, Скопје-Петровец со -9, а -8 степени се измерени во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево. Во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип термометрите покажаа -7 степени.
Највисока снежна покривка утрово до 7 часот има на Попова Шапка – 24 сантиметри, во Маврови Анови 7 сантиметри, а во Крушево 3 сантиметри.
Претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне се очекува зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во ноќните часови во западните делови од државата ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од -2 до 8 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне и кон крајот на денот умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
