Утрово најстудено во Скопје - Ова се моменталните температури

Со -5 степени утринава најстудено е во Скопје по што следуваат Битола, Берово и Кавадарци со -4, Дебар, Штип, Струмица и Тетово со -3, Демир Капија -2, Прилеп и Куманово -1.
Нула степени се измерени во Охрид и Маврово, 1 степени во Крива Паланка и Гевеглија, 2 степена во Претор и Виница, 3 во Тополчани, 4 во Пожаране и Дојран и 5 во Ѓуриште. Најтопло утрото е во Пожар и Крушево каде се измерени 7 степени.
Утринава на повисоките места и во југоисточните делови е сончево, а во котлините магливо. До крајот на денот на повисоките места и во јужните делови од земјава времето ќе биде сончево и релативно топло за овој период од годината, а по одделни котлини ќе биде магливо и претежно тивко со променлива видливост и посвежо. Кон крајот на денот ќе има појава на локална облачност и слаб ветер од северен правец.
За утре се очекува претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер, а по одделни котлините и понатаму ќе има слаба магла.
За време на викендот ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со појава на магла по котлините, особено во утринските и ноќните часови.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
