Ужас: Млада мајка осомничена дека го задавила бебето и го скрила под кревет

Новороденче кое не давало знаци на живот пронајдено е синоќа во Зајечар, а 22-годишната мајка е осомничена дека го усмртила бебето.
Според неофицијалните информации, таа се породила во осмиот месец од бременоста, а тукушто роденото бебе потоа, како што се сомнева го завиткала во ќебе и го скрила под креветот во својата соба.
Случајот е откриен кога мајката поради обилно крварење е примена во Здравствениот дом во Зајечар, а трупот на бебето го пронашла мајката на осомничената.
- На мајката на бебето поради обилното крварење и е укажна лекарска апомош, зошто била во тешка состојба и животно загрозена, но нејзината состојба е стабилизирана.
Раскажала дека се породила, но дека не го убила своето бебе, вели извор за медиумите. Полицијата покрена истрага, а телото на новороднчето е испратено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта, односно дали е во прашање чедоморство.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
