Свет
20. July 2018 - 11:05

Ужас: На смртта и гледаше во очи и снимаше - Патник вклучи камера додека паѓаше авионот, еве како изгледа тоа

На социјалните мрежи се појави снимка од падот на авион во Преторија во Јужна Африка.

Снимката ја забележа еден од патниците од авионот додека тој паѓаше и го прикажува целиот ужас кои луѓето го преживеаја додека и гледаа на смртта во очи. Во оваа авионска несреќа која се случи на 10 јули загина едно лице, а 20 се повредени.

Се уште не е позната причината за несреќата. Патник кој седел покрај прозорецот ги снимил последните моменти од летот пред авионот да се урне на земја. На снимката се гледа како леталото се тресе, а од моторот излегува пламен.

„Ова е лошо, многу лошо“, вели машки глас на снимакта.

Додека авионот паѓа, на снимката се гледаат поголем број куќи над кои минува леталот. Потоа се слуша експлозија и настанува целосен мрак.

По неколку секунди од падот во мракот се слушаат гласовите на луѓето кои го преживеаја страшниот пад. Авионот се запалил при падот, но пожарникарите усепаја да го изгаснат пожарот.