-->
-->
Ужас во Дебар: Татко ја силувал малолетната ќерка
-->
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “родосквернавење“ полициската станица Дебар, поднесе кривична пријава против 48 годишен жител на Дебар по што од страна на Основниот суд-Гостивар одредена му е мерка притвор до 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“- Скопје.
Имено пријавениот на шести овој месец, во својот дом, насилно извршил обљуба врз неговата 14 годишна ќерка, а настанот е пријавен наредниот ден. Веднаш по добивањето на пријавата известен е Центарот за социјални работи од Дебар и од разговорот со оштетената било констатирано дека вакви дејствија се случиле повеќе пати и започнале пред три и пол месеци.
По наредба на Јавен обвинител од Гостивар извршен е здравствен преглед на оштетената.
Пријавениот е и претходно познат сторител на казнени дела и против него во претходниот период се поднесени кривични пријави за кривични дела насилство, предизвикување општа опасност, измама и фалсификување на исправи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место