Балкан
27. јуни 2016 - 20:24

Ужас во градинка: Девојче падна од покривот

Синоќа околу 20.15 часот од покривот на детската градинка „Чуперак“ на Нов Белград падна 13-годишната А.К.

Како што наведуваат очевидци на настанот, девојчето паднало од висина од 5-6 метри додека вежбала паркур (вид на екстремен спорт во кој целта e шо побрзо да се стигне од едно до друго место поминувајќи најразлични препреки) во градинката.

-Додека била на покривот некој шутнал топка, а таа за да види кој бил, се свртела и загубила рамнотежа. За да не падне на бетонот се фатила за климата закачена на ѕидот од зградата но брзо се лизнала. Во тој момент за некое лудо, веројатно за да не падне на врат, направила салто во воздух и неколку секунди потоа паднала, раскажува очевидец.

Тој додава дека девојчето не паднало на лице.

-Со рацете го заштити лицето. Крвареше од носот, но беше свесна и помалку дезориентирена кога дојде брзата помош, опишува тој.

Во итната служба го потврдија настанот дека девојче паднало од покривот на градинката, но не го соопштија степенот на повредите.

По деталните прегледи на Ургентниот центар девојчето е пуштено на домашно лекување.