Живот
30. September 2018 - 14:21

Ужасен случај: Мајка знаела дека момчето и ја силува ќерката (10) со години, девојчето забременило, а неговата одбрана е шокантна

Една мајка (33) од Индијана призна на суд дека знаела дека нејзиното момче со години ја силувал нејзината ќерка што резултирало и со бременост на девојчето.

Таа се изјаснила како виновна пред судот за помагање на злосторникот и злоставување на дете и вознемирување на дете.

Рекла дека знаела дека Николас Дион Треш ја силувал нејзината ќерка од нејзина 8-годишна возраст. Нејзината ќерка забременила поради тоа кога имала 10 години.
 
Треш во четвртокот е осуден на 160 години затвор за 10 обвиненија за сексуално злоставување на дете.
 

Меѓутоа тој останал при тврдењето дека е невин и дури ја обвинил мајката на девојката дека ја искористила неговата сперма и вештачки ја оплодила ќерката.

Но, таа сведочела против него во договор со обвинителот и прифатила казна од 20 години затвор со можност за смалување на пет.

Девојчето, сега 12-годишна, роди машко бебе во септември минатата година.

Бебето е дадено на посвојување. Мајката го терало девојчето да лаже и да зборува дека татко на нејзиното бебе е некое дете од училиште/ Сега сепак призна дека цело време знаела за злоставувањето и дека ништо не направила да го спречи.

Девојчето е дадено во хранителско семејство.